Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани ги одложи преговорите со Пари Сен Жермен за продолжување на соработката, затоа што се појави опција за да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и да го засили Реал Мадрид во летниот преоден рок. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, планира освежување на тимот со неколку нови ѕвезди, а Кавани би бил една од опциите за засилување на навалната линија.
Но, во таков случај, Карим Бензема ќе треба да замине во Париз и да го засили ПСЖ. Тој е еден од милениците на навивачите на Реал Мадрид, но од друга страна веќе осум години е дел од „кралскиот клуб“ и потребна му е промена. Тој се споменува и како можно засилување за италијанскиот прволигаш Милан, но опцијата за размена со ПСЖ е многу поверојатна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА