Реал има голем адут: Зидан е „закон“ за Баерн, секогаш ги елиминира

Европскиот првак Реал Мадрид в среда гостува во Минхен на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Ќе биде тоа нов мегадуел на гигантите, а „кралевите“ имаат навистина голем адут. Тренерот Зинедин Зидан досега секогаш во кариерата наоѓал начин да го елиминира германскиот ривал.

Французинот има само два порази во девет меча против Баерн Минхен, и како играч и како тренер, а секогаш излегувал како победник кога е елиминацијата на противникот во прашање.

Како играч во дресот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан загуби од Баерн Минхен во сезоната 2001/02, но потоа во реваншот „кралевите“ ја надоместија негативата и победија со 2-0, со головите на Гути и на Елгера.

Во сезоната 2003/04, Зидан постигна победнички гол со волеј удар на „Сантијаго Бернабеу“, откако по првиот дуел во Минхен резултатот гласеше 1-1. Салгадо центрираше, а Зидан мајсторски успеа да го совлада Оливер Кан.

Како тренер, односно помошник на Анчелоти, Французинот има и подобар ефект со Баерн Минхен. Реал Мадрид го совлада Баерн Минхен, кој беше предводен од Пеп Гаврдиола, со убедливи 0-4 на „Алијанц арена“, а славеше со 1-0 и во Мадрид.

Минатата сезона, Реал Мадрид победи со 1-2 во Минхен, а потоа и со 4-2 на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.

 

 

Се вчитува...