Многумина кои го следеа натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Унион Берлин,забележаа дека тимот на Карло Анчелоти воведе одредени промени во изведувањето на корнер.
Реал на „Сантијаго Бернабеу“ беше домаќин на Унион Берлин на отворањето на групната фаза од Лигата на шампионите, а дебитантот во ова натпреварување ги намачи фаворизираните „Кралеви“.
Бундеслигашот беше совладан во самиот крај на натпреварот кога Џуд Белингем успеа да стрела во 94. минута за победа од 1-0.
Во текот на натпреварот навивачите забележаа промени во начинот на изведување на корнерите. Лука Модриќ отиде да го изведе корнерот, но набрзо му се придружи соиграчот Давид Алаба. Дефанзивецот застана пред Хрватот, а се чини дека целта беше да се сокрие начинот на изведување.
Во два-три наврати фудбалерите на Реал се обидоа да го направат ова, но ништо не постигнаа, освен што некои ги исмеваа на социјалните мрежи.
Real Madrid inventing a new corner tactic 🔥 pic.twitter.com/uQNmHuFx1a
— 1 in a million (@Benjee_Turbo) September 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА