Реал Мадрид загуби од Басконија во Виторија со 92-86 во шпанското дерби во 16. коло од Евролигата.
Во крајно возбудлив натпревар со многу динамика и офанзива, победникот го одлучи драматичната завршница низ последните пет минути.
Басконија влезе со предност од 79-75 во последните пет минути и имаше повеќе концентрација за конечен триумф.
Најдобар поединец во победничкиот тим беше Хауард со 28 поени, од кои дури шест тројки, а кај Реал Мадрид се издвои Дек со 17 поени, седум скока и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА