Реал испрати навредливо ниска понуда за Погба, Манчестер веднаш ја одби

Реал Мадрид на Манчестер Јунајтед за услугите на Пол Погба му понудил 30 милиони евра и отпишаниот Хамес Родригез, што од клубот од „Олд трафорд“ била неприфатлива понуда која веднаш била одбиена.

Покрај тоа што ја одбиле понудата тие им соопштиле на „кралевите“ дека Погба без разлика на се останува во Манчестер. Тој кај „црвените-ѓаволи“ се врати во 2016. година за сума од 105 милиони евра, кои што според мислењето на фановите не ги оправда.

Во исто време на Јунајтед им пропадна замената на фудбалери со Јувентус. Двата клуба и Ромелу Лукаку сакаа да ја реализираат, но пропадна поради Пауло Дибала кој не сакаше да игра во Англија.

Се вчитува...