Реал Мадрид испука петарда на „Енфилд“ и сега води со 2-5 против Ливерпул. Неверојатен е овој меч, ако се има во предвид дека Ливерпул после 14 минути игра имаше водство од 2-0. Меѓутоа потоа Реал дојде до „егал“ на полувремето, а потоа и за само 20 минути од вториот дел да стигне до три гола за водство од 2-5.
Бензема по вторпат се запиша во листата на стрелците, а претходно стрелаше и Милитао.
Во Франкфурт, пак, исто така гостите од Неапол водат. Осимен и Ди Лоренцо донесоа 0-2 за Наполи, а згора на тоа Ајнтрахт има и играч помалку по исклучувањето на Коло Муани. Згора на тоа, Кварацхелија промаши пенал при 0-0 во 36. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

