Чус Матео е изборот на Флорентино Перез за нов шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, откако „кралевите“ во текот на вчерашниот ден ја прекинаа соработката со Пабло Ласо.
Матео ги освои симпатиите откако беспрекорно го водеше тимот во завршницата од сезоната, откако Ласо поради срцев удар не беше во можност да седи на клупата на Реал. Чус успеа да ја совлада Барселона со 3-1 во победи и да се закити со титулата во шпанското првенство.
Матео целата тренерска кариера ја мина во Реал Мадрид, како дел од академијата од 1990 до 2003 година и потоа како прв асистент на Пабло Ласо од 2014 до 2022 година.
„Му благодариме на Пабло Ласо што го предводеше тимот во една од најуспешните ери во клупската историја. Во единаесетте сезони под водство на Ласо, Реал Мадрид освои вкупно 22 трофеи, а Пабло останува тренер со најмногу натпревари (860) и најмногу победи (659) на клупата на Реал. Целиот клуб Реал Мадрид му посакува на Пабло Ласо и на неговото семејство се најдобро“, објавија „кралевите“ на официјалната веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА