Кошаркарките на Олипијакос поведоа со 1-0 во серијата против Реал Мадрид, за пласман на Ф4 во Абу Даби, откако вечерва на свој паркет во Пиреја го поразија кралскиот клуб со 83-72.
Во пеоколот во Пиреја, победникот во голема мера беше решен по првиот дел, кога грчкиот тим замина со предност од +18 (47-29).
Реал никако не успеваше да го најде рецептот да се врати, а најмногу што се доближи е -11 поени разлика.
Везенков со 23 поени ги предводеше „црвено-белите“ од Пиреја до триумф, додека кај Реал ветеранот Љуљ постигна најмногу поени – 16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА