Реал ја потопи „жолтата подморница“

Реал Мадрид ќе мине најмалку 24 часа на врвот на табелата на Ла Лига откако „кралевите“ вечерва славеа со убедливи 4-1 над Вилјареал, минувајќи ја Џирона која утре против Алавес ќе го игра својот меч од оваа рунда од шпанскиот шампионат. Анчелоти може да биде задоволен од играта, но „кралевите“ на овој натпревар ги загубија поради повреди Алаба и Менди, за нови главоболки на стратегот кој цела сезона се соочува со проблеми околу играчкиот кадар.

Победникот беше решен уште во првото полувреме, резултатот го отвори Белингем по извонредната асистенција на Лука Модриќ, а нешто подоцна Родриго биеше прецизно од пет метри за водство од 2-0.

Гостите намалија на 2-1, но експресно следеше одговорот на Реал Мадрид, со два гола што ги постигнаа Брахим Дијаз и Лука Модриќ беше ставен печат на оваа лесна и убедлива победа.

Се вчитува...