Европскиот првак Реал Мадрид го спречи трансферот на Лука Модриќ во Интер минатото лето, но само неколку месеци подоцна, веќе во претстојниот зимски преоден рок би можел да го понуди на клубот од „Џузепе Меаца“. Целта е јасна, Флорентино Перез сака да го употреби како дел од трансферот на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди. Тој од поодамна е на листата на желби на „кралскиот клуб“, а Перез нема да штеди средства за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.
Покрај Икарди, кој е проценет на околу 110 милиони евра, интерес на Реал Мадрид е и дефанзивецот Милан Шкриниар. За него Интер бара 65 милиони евра.
Раководството на „кралевите“ е подготвено да го испрати Модриќ во Милано за сума од околу 40 милиони евра, и да плати уште 135 милиони евра за пакетот Икарди – Шкриниар.
Реконструкцијата на Реал Мадрид треба да се заврши следното лето, кога треба Герет Бејл да биде испратен во Тотенхем, во обид да се купи Хари Кејн за сума од 200 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА