Барселона направи полн погодок со одлуката да му го додели дресот со број 10 на Ламин Јамал, па каталонскиот гигант за помалку од 24 часа заработи над 10 милиони евра од продажба на дресови на тинејџерот.
Реал Мадрид исто така ќе има промена на сопственикот на „десетката“, и тоа не од играч што пристигнува летово, туку од постоечкиот ростер на „кралскиот клуб“. Лука Модриќ си замина од „Сантијаго Бернабеу“, а неговиот број на дресот ќе му припадне на Килијан Мбапе, одлучил претседателот Флорентино Перез по разговорите со клупските директори.
Француските медиуми јавуваат дека Мбапе воопшто не побарал промена на дресот бидејќи бил задоволен со „Деветката“, но бидејќи станува збор за играч со најмногу продадени дресови ланската сезона, „кралевите“ се решиле на ваков чекор за дополнително да ги зголемат приходите.
Килијан Мбаше постигна 44 гола во сите натпреварувања во својата прва сезона во дресот на Реал и нема сомнеж дека ќе биде главен адут на Чаби Алонсо и во сезоната што следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

