Францускиот клуб Пари Сен Жермен ќе мора да продаде неколку свои фудбалери во зимскиот преоден рок, поради опасноста да биде нарушен финансискиот фер-плеј на УЕФА и да биде исфрлен од Лигата на шампионите, а тука својата шанса ја гледа европскиот првак Реал Мадрид. Откако „светците“ го купија Нејмар и реално ја ослабија Барселона, најголемиот ривал на „кралевите“, сега можеби е време Реал Мадрид да му ’помогне’ на ПСЖ.
Раководството на Реал Мадрид сериозно ја разгледува можноста за купување на офанзивниот тандем од Париз, Единсон Кавани и Џулијан Дракслер. Тие би биле одлично надополнување за ионака силниот напаѓачки ред на „кралевите“. ПСЖ во моментот и не смее премногу да преговара, со оглед на итноста на ситуацијата, па Реал Мадрид би можел овие двајца фудбалери да ги добие за добра пазарна цена. А Флорентино Перез таква можност не пропушта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА