Актуелниот европски првак Реал Мадрид одамна ја загуби трката на два фронта во Шпанија, иако повторно е меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. Дел од фудбалерите имаат сезона за заборав, а раководството на клубот веќе размислува за нови засилувања. Во игра повторно е ангажманот на Еден Азар, белгискиот интернационалец од редовите на Челси.
Тој исто така немаше блескава сезона во Премиер – лигата, но се чини дека кај него се чувствува и недостаток на мотивација да го носи дресот на тимот „Стемфорд бриџ“. Тоа сака да го искористи Реал Мадрид и да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. За тоа секако ќе бидат потребни големи пари, околу 110 милиони евра, а „кралскиот клуб“ се надева дека ќе го добие, барем најголем дел, од трансферот на Герет Бејл. Велшанецот беше повреден во поголемиот тек од сезоната, и оценките се дека тој би требало да си замине од Мадрид ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА