Реал Мадид со големо засилување за „Ел Класико“

Чаби Алонсо доби одлична вест на неколку дена пред големото дерби со Барселона, откако Дин Хујсен ја доби трката со времето и ќе биде „фит“ за своето прво „Ел Класико“ во кариерата.

Во ситуација кога се повредени и Алаба и Ридигер, Алонсo немаше преголем избор, па против Јувентус во ЛШ тргна со единствените двајца здрави централни дефанзивци, Асенсио и Милитао. Токму затоа, многу значајна е денешната информација дека Хујсен ги надминал проблемите со својата повреда и добил зелено светло од лекарскиот тим да почне со тренинзи со остатокот од тимот.

Се очекува Хујсен да тренира со полна пареа во следните два дена, а потоа в недела да биде стартер крај Милитао, додека Асенсио ќе чека шанса од клупата за резерви.

Се помали се шансите дека Карвахал или Александер Арнолд ќе бидат подготвени за големото дерби, на кое Алонсо речиси сигурно повторно ќе стартува со Валверде како стартен десен бек.

Се вчитува...