Бомбашкиот напад над автобусот на Борусија Дортмунд ја крена на нозе фудбалска Европа, а актуелниот европски шампион Реал Мадрид, кој исто така е во Германија, и утревечер ќе игра против Баерн Минхен на „Алијанц арена“, побара дополнителни мерки за безбедност. „Кралевите“ сакаат да бидат сигурни дека нивото на безбедност е кренато на максимално можно ниво.
Минхенската полиција вееднаш одговорила на барањето на Реал Мадрид и околу нивниот хотел се испратени дополнителни безбедносни сили. Според информациите од германските медиуми, повеќе од 100 полицајци ќе дежураат цела ноќ во близина на хотелот каде се сместени фудбалерите на Реал Мадрид, а дополнителни 30 агенти и полицајци се испратени да ги следат во чекор фудбалерите, и да внимаваат во внатрешноста на хотелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА