Реал Мадрид, Барселона и Челси водат битка за потпис на бразилскиот „вундеркид“, Ендрик. 16-годишниот фудбалер на Палмерис кој го доби епитетот „новиот Нејмар“ важи за најголемиот талент на генерацијата родени во 2006 година и му се препишува блескава иднина.
Тој неодмна го потпиша првиот професионален договор со бразилскиот клуб и веќе доби откупна клаузула од 60 милиони евра. Сепак европските гиганти не се подготвени да платат огромна сума за млад играч па очекувањата се доколку дојде до трансфер сумата да изнесува околку 30 милиони евра со бонуси.
„Најактивен“ во преговорите за напаѓачот кој во јуниорската конкуренција постигна 80 голови на 109 одиграни натпревари е Челси кој веќе седнал на маса со агентот и родителите на Ендрик. Но, и доколку наскоро дојде до трансфер, „сините“ ќе го добијат играчот во 2024 година бидејќи законите во Бразил не дозволуваат заминување од татковина до 18 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

