Реал Мадрид без Мбапе во атак на трофејот

Реал Мадрид ќе биде значително ослабен за завршницата на шпанскиот Супер-куп што ќе се одржи во Саудиска Арабија откако стана јасно дека Килијан Мбапе нема да му биде на располагање на тренерот Чаби Алонсо во нападот на овој трофеј.

Французинот се повреди пред самиот крај на ланската година, не настапи ниту против Бетис викендов, а напорите на лекарскиот тим да го оспособи за настап во Супер-купот не вродија со плод. „Кралевите“ денеска информираа дека најдобриот стрелец на тимот воопшто нема да патува со екипата за Џеда, со надеж дека овој период ќе биде искористен за да го дочека максимално подготвен продолжението на сезоната почнувајќи од мечот со Леванте закажан за 17 јануари.

Реал Мадрид во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија ќе се сретне со градскиот ривал Атлетико Мадрид, а во случај на победа ќе игра со подобриот од мечот Барселона – Севилја.

Главна улога во нападот на „кралевите“ на овој турнир ќе има Гонзало, кој пред неколку дена блесна како замена за Мбапе во Ла Лига, постигнувајќи хет-трик на домашниот меч со Бетис.

Се вчитува...