Реал Мадрид без пет првотимци на реваншот со Бенфика

Реал Мадрид ќе има предност од еден гол на утрешниот реванш против Бенфика, но тренерот Алваро Арбелоа се соочува со нови проблеми.

Тој утревечер нема да може да смета на петмина првотимци, откако Дин Хујсен се приклучи на листата повредени играчи на „кралскиот клуб“. Дефанзивецот одигра одлично на првиот дуел во Лисабон, но потоа се пожали на повреда, не настапи на поразот минатиот викенд од Осасуна, а откако не тренираше ниту денеска стана јасно дека Хујсен нема да му биде на располагање на Арбелоа за утрешниот реванш со Бенфика.

Во одбраната на Реал веќе извесно време го нема ниту Милитао, додека во средниот ред ќе недостигаат повредените Белингем и Себалјос.

Што се однесува до нападот, таму тренерот Арбелое не може да смета на Родриго, кој поради суспензија ќе го пропушти и овој натпревар откако не настапи ниту на првиот меч во Лисабон.

Се вчитува...