Реал Мадрид без проблеми до триумф во кошаркарското „Ел класико“

Кошаркарското „Ел класико“ во третото коло од шпанското првенство заврши со убедива победа на Реал Мадрид од 86-79 над Барселона.

Реал Мадрид одлично го започна натпреварот и наговести победа уште во воедните минути кога дојде до предност од 11-2. Барселона успеа со своја серија да се врати во игра на крајот на првата четвртина (14-13), но домашниот тим одолеа на налетот, ја задржа предноста во првото полувреме (37-33), а потоа немаше проблем да ја исконтролира играта во второто полувреме.

Со 22 поени и 8 скокови Порие беше прво име во Реал Мадрид, а него го следеше Кампацо со 17 поени и 5 асистенции. 14 поени за Барселона реалзираше Бризуела, 12 додаде Јокубаитис.

Се вчитува...