Реал Мадрид ќе биде значително ослабен за вечерашното гостување од полуфиналето на Копа дел реј против Реал Сосиедад, откако тројца клучни првотимци не се најдоа на списокот на патници за Сан Себастијан.
Првиот голман Тибо Куртоа мечот ќе го следи од својот дом во Мадрид, а покрај на Куртоа тренерот Анчелоти нема да може да смета ниту на Валверде и на Килијан Мбапе.
Куртоа и Валверде не се повредени, но поради големиот број натпревари во последните два месеца препорачан е краток одмор, па Анчелоти реши да не ризикува, особено ако се знае дека во полуфиналето од купот ќе има и реванш што „кралевите“ ќе го играат на „Сантијаго Бернабеу“.
Што се однесува до Мбапе, францускиот голгетер имаше операција на забот, во последните два дена воопшто не тренираше, па Анчелоти реши и извонредниот напаѓач да остане дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

