Реал Мадрид бира: Чаби Алонсо или Винисиус Џуниор

Една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, Винисиус Џуниор не е задоволен од предводењето на клубот од страна на Чаби Алонсо и со тоа е подготвен да го напушти клубот со истекот на договорот во 2027 година, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанскиот стратег нема намера да потклекне на барањата на Бразилецот што предизвика конфликт на интереси кој се одрази и на резултатите на „кралскиот“ клуб во сезоната.

Незадволството доаѓа по вечното дерби на крајот на месец октомври кога шпанскиот стратег го замени Винисиус во 72. минута и му даде шанса на Родриго. Тогаш Бразилецот бурно реагираше по што им се извини на соиграчите и на навивачите, но не и на тренерот.

Според шпанските медиуми Винисиус не е единствениот кој не е задоволен од Алонсо. Незадоволство постои и кај Белингем, Валверде, Родриго и Ендрик па тој би можел лесно да ја загуби соблекувалната по што Реал Мадрид ќе мора да бира. Или отказ на Винисиус за поголем авторитет на Алонсо или промена на тренерското место.

Се вчитува...