Реал Мадрид даде зелено светло за продажба на Родриго во Арсенал

Бразилскиот крилен фудбалер Родриго, е многу блиску до преселба во Арсенал, откако неговиот клуб даде зелено светло за преселба во Премиерлигата. Догло време трае интересот на „топчиите“ за играчот, и сега никогаш поблиску не бил овој трансфер до реализација.

Официјално сумата не се споменува, но неофицијално истата изнесува околу 80 милиони евра, што Арсенал треба да му плати на Реал Мадрид за услугите на крилниот играч.

Арсенал исто така е пред потпис со Виктор Ѓокереш, па со овие двајца и со уште неколку други имиња кои ќе дојдат за засилувања, „топчиите“ ќе имаат можност идната сезона да ја нападнат титулата во англискиот шампионат, која ја немаат освоено од 2004 година.

Се вчитува...