Реал Мадрид дава 120 милиони евра за фудбалер на Ливерпул

Реал Мадрид има потреба од играч од средниот ред, а наводно Чаби Алонсо тргнал по фудбалерот на Ливерпул Рајан Гравенберх. Понудата од неверојатни 120 милиони евра би требало да биде доволна тимот од „Енфилд“ да прифати и да го пушти овој играч, кој беше купен за околу 35 милиони од Баерн Минхен.

Тоа би значело дека Ливерпул одлично би заработил на овој трансфер, и тоа е доволна причина да го пушти кон Мадрид. Тоа нема да им се допадне на навивачите, со оглед дека тој беше еден од клучните за титулата минатата сезона, но со оглед на цифрата нема да биде изненадување ако Ливерпул даде „зелено светло“ за овој трансфер.

Челниците на Реал Мадрид веруваат дека тој ги има сите квалитети да биде еден од лидерите на новата ера на тимот.

Се вчитува...