Натпреварот од 4. коло во Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Гетафе ќе започне нова ера за „кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“, стадионот кој беше реновиран во последните три години, а денеска од 16 часот и 15 минути и официјално ќе биде пуштен во употреба.
Целиот проект го чинеше Реал Мадрид 400 милиони евра со што домот на најтрофејниот клуб стана ултра модерен со подвижен кров, големи семафори и терен кој може да се прилагоди за потребите на кошаркарски и тениски натпревари. Во склоп на реновацијата издрадени и голем број на објекти за продавници и кафичи како и хотел.
🏟✨ Santiago Bernabéu 🎥 pic.twitter.com/zjhJCiiy9q
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 2, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

