Кошаркарите на Реал Мадрид го добија дуелот со Олимпијакос со 94-78 во 18. коло од Евролигата. Домаќините беа поефикасни и речиси во текот на цекиот натпревар одржуваа позитива.
По првата четвртина шпанскиот тим имаше предност од 28-23. Во своја полза домаќините ја завршија и втората четвртина (26-23). Кошаркарите на Реал Мадрид имаа минимална предност и во третата четвртина која ја добија со 18-17 и успеаја да останат во позитива и во завршниот дел.
Ентони Рендолф постигна 16 поени дополнети со осум скока, а кај Олимпијакос најефикасен беше Зак Лидеј со 15 поени и осум скока.
Во другите два денешни натпревари, Анадолу Ефес го победи Химки (81-72), а Фенербахче беше поуспешен од Жалгирис (78-61).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА