Реал Мадрид доби понуда вредна 150 милиони евра од Манчестер Сити за услугите на бразилскиот фудбалер Родриго. Шпанскиот шампион ја отфрли оваа бројка.
Родриго често е во сенка на големите ѕвезди во Реал. Бразилецот секогаш работи од сенка и често е заборавен покрај Винисиус Јуниор, Килијан Мбапе или Џуд Белингем.
Сепак, 23-годишниот играч игра навистина врвен фудбал и во претходните сезони беше еден од хероите во освојувањето на бројни трофеи. Во другите кругови тој е повеќе ценет отколку во Мадрид, особено под водство на Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак е воодушевен од фудбалските вештини на бразилскиот фудбалер. Тој би сакал да го види во својот тим и му нареди на раководството на Манчестер Сити да се обиде да го донесе.
Понудата беше огромна, но Флорентино Перез не сакаше ниту да ја слушне.
„Реал Мадрид наводно добил понуда од 150 милиони евра за Родриго. Понудата е испратена до Манчестер Сити. Сепак, шпанскиот клуб не сака да го продаде”, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

