Унгарскиот репрезентативец со српско потекло, Милош Керкез престојното лето ќе го направи трансферот од сништата и дресот на Бормут ќе го промени со оној на славниот Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Реал Мадрид е во потрага по засилување на левата бековска позиција, а изборот паднал на 21-годишникот кој игра фантастично во Премиерлигата. Неговите години, талентот, но и зреслоста која ја прикажува го прави вистинскиот избор за долгорочно решение на проблематичната позиција.
Мадридскиот клуб е само еден од гигнатите кои се заинтересирани за Керкез. Унгарецот е трансфер мета и на шампионот на Англија, Ливерпул.
Оваа сезона левиот бек настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола и шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА