Реал Мадрид направи изненадување на полноќ со објавата на официјалниот профил на Твитер дека Лионел Меси е најновото засилување во тимот. Веста предизвика шок и кај навивачите на Реал Медрид, но и кај оние на Барселона.
Но, набрзо потоа ситуацијата беше расчистена. Не се работи за трансфер на ѕвездата на Барселона во Реал Мадрид, туку за хакерски напад на официјалниот Твитер профил на клубот. Хакерската група „OurMine Time“ ја презеде одговорноста за овој „трансфер“ и за шокантното соопштение на профилот на Реал Мадрид.
Тоа е истата хакерска група која кинатата недела го нападна и официјалниот профил на Барселона и на социјалните мрежи објави дека каталонскиот клуб го купил Анхел ди Мариа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА