МВП-кошаркарот од ланската сезона во шпанското првенство, Никола Лапровитола, е новото засилување на Реал Мадрид, како одговор на обидите на Барселона за создавање на „дрим-тим“ со кој ќе се нападне титулата во шпанското првенство, но и тронот на Евролиата. „Кралевите“ успеаја во обидот да задржат голем дел од своите клучни играчи, а со ангажманот на Лапровитола уште повеќе ја засилуваат бековската линија.
Аргентинскиот плејмејкер пристигнува од редовите на Хувентуд, каде му беше соиграч на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, за сума од 200.000 евра.
„Му благодариме на Лапровитола за се што направи за нашиот клуб и му посакуваме многу среќа во иднина“ – порачаа од раководството на Хувентуд.
Лапровитола, кој потпиша договор на две години со „кралевите“, ја заврши ланската сезона со просек од 17,2 поени и 6,4 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА