Шпанскиот центар Усман Гаруба се врати во Реал Мадрид од НБА лигата.
Откако остана без Венсан Поирие кој се пресели во Анадолу Ефес, Реал Мадрид мораше да ги засили центарските позиции па го врати својот поранешен кошаркар Усман Гаруба кој беше член на „кралевите“ од 2017 до 2021 година.
Со Реал ја освои титулата во Шпанија во 2019 година и беше прогласен за најдобар млад играч на земјата. На НБА драфтот како 23. пик беше избран од Хјустон рокетс, но не доби вистинска шанса. Во првата сезона имаше само 24 настапи, а во втората дојде до 75 настапи но со лимитирана минутажа.
Потоа следеше преселба во редовите на Голден стејт, од каде сега повторно се враќа во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА