Реал Мадрид донесе супер-засилување за 1,5 милиони евра

Реал Мадрид излезе како победник од трката по Толберто Абалде, одличниот кошаркар на Валенсија за кого за ривал во мртвата трка „кралевите“ го имаа раководството на Барселона.

Абалде важи за еден од најдобрите шпански кошаркари, со 202 сантиметри одлично се снаоѓа на позициите два и три, а со одличните настапи во последните две сезони се наметна како еден од лидерите на Валенсија. Сепак, 202 сантиметри високиот кошаркар реши да направи чекор напред во кариерата и да си замине од Валенсија, раскинувајќи го договорот со активација на клаузулата во износ од 1,5 милиони евра.

Гигантот од Мадрид е клубот што ја уплатил оваа сума, Абалде го известил раководството на Валенсија за својата намера, па челниците на клубот и покрај желбата да го задржат најдобриот кошаркар сепак немаат начин да го сторат тоа.

Валенсија веќе донесе едно големо засилување, ангажирајќи го Клемен Препелич од Хувентуд, а шпанскиот клуб испратил понуда и за Нандо де Коло, кој се очекува да си замине од Фенербахче во текот на летово.

Се вчитува...