Реал Мадрид донесе топ-засилување од НБА-лигата

Реал Мадрид деннеска го претстави најновото засилување откако „кралевите“ потпишаа договор со Чума Омеке, 26-годишниот крилен кошаркар кој доаѓа од НБА-лигата.

Шпанскиот гигант беше во потрата по квалитетна опција за овој дел од тимот, а на самиот врв на листата со желби на новиот тренер Скариоло се наоѓаше токму Океке, кој иако има „само“ 201 сантиметар, подеднакво добро се снаоѓа на позициите „три“ и „четири“.

Океке има петгодишно искуство во НБА-лигата, како член на Орландо, Филаделфија и Кливленнд. Ланската сезона тој поради повреда настапи на само девет средби, притоа имајќи скромен просек од 5,9 поени и 5,2 скокови по натпревар.

Кливленд реши да не му го продолжи договорот на овој кошаркар, тој на крајот донесе одлука да се испроба во Евролигата и денеска потпиша за Реал Мадрид.  Океке е четвртиот летен трансфер на „кралевите“, кои претходно ги потпишаа и Тео Маледон, Габриеле Прочида и Дејвид Крамер.

Се вчитува...