Нов кошаркар на Реал Мадрид од денеска и официјално е младиот шпански центар Изан Алманса кој четири години одново ќе настапи во „белиот“ дрес.
Дваесетгодишникот кој доминираше во младинските категории освојувајќи ги МВП признанијата за настапите со репрезентацијата на Шпанија на Европското првенсто за кошаркари до 18 години во 2022 година, како и Светските првенства за кошаркари во 17 и 19 години во 2023 и 2024 година, последните четири години ги помина во САД и Австралија настапувајќи во Џи-лигата, односно НБЛ.
🙌 #WelcomeAlmansa 🙌 pic.twitter.com/B5WFUwmzRv
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) August 27, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

