Зинедин Зидан се соочува со нов проблем околу составот на Реал Мадрид откако Матео Ковачиќ заработи повреда поради која ќе мора да отсуствува околу два месеци од фудбалските терени. Хрватскиот интернационалец се повреди во првото полувреме од дуелот со АПОЕЛ, а деталните прегледи потврдија дека станува збор за „парцијална руптура на мускулот на десната нога“.
Во најдобар случај Хрватот ќе му биде на располагање на Зидан за шест седмици, а многу пореално е неговиот камбек да се очекува за околу 60 дена.
Ова значи дека Ковачиќ ќе ги пропушти и клучните две средби на хрватската репрезентација во квалификациите за СП 2018, против Финска и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА