Реал Мадрид со трофеј ја заокружи оваа 2024 година откако „кралевите“ се закитија со пехарот во интерконтиненталниот куп, славејќи над Пачука со убедливи 3-0.
ФИФА од следното лето воведува клупски мундијал во проширен формат, па вообичаеното светско клупско првенство што се играше во декември овојпат се сведе само на еден меч од Интерконтиненталниот куп.
„Кралевите“ за противник ја имаа мексиканска Пачука, дуел на кој европскиот првак ја демонстрираше сета своја моќ и заслужено славеше со конечни 3-0. Резултатот беше отворен преку Мбапе, откако Французинот одлично се снајде по асистенцијата на Винисиус. Родриго со убав погодок зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Винисиус од пенал, со гол прославувајќи ја вчерашната награда за најдобар светски фудбалер според ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА