Реал Мадрид ја совлада Барселона во четвртиот натпревар (3-1) и ја освои титулата во шпанското првенство откако успеа да издвои тесна победа од 81-74 (13-10, 21-23, 23-23, 24-18). Ова беше крајно тежок и неизвесен натпревар до самиот крај.
Првиот период му припадна на Мадрид. Во овие 10 минути одбраната доминираше, на сметка на нападот кој во целост потфрли кај двете страни. Реал го доби со минимални 13-10. Во втората четвртина се разиграа за момент „кралевите“, кои поентираа во неколку наврати, сепак, следуваше брз одогвор од гостите, Барса успешно се фокусираше на одбраната и нападот, па го добија овој период со 21-23.
Третата четвртина беше крајно изедначена, се играше поен за поен, Реал испушти повторно минимално водство во последните секунди, па Барса се врати во игра откако не дозволи одлепување, 23-23.
Барселона никако не успеваше да ја најде својата игра, па и во последната четвртина започна со негатива и постојано гонеа резултат. Реал бегаше, а „каталонците“ се обидуваа да стигнат, но не успеаа. Со ваквиот пристап кон играта Реал Мадрид уште еднаш ја доби Барса, овојпат победа за титула, претходно „кралевите“ ја добија Барса и во полуфиналето од Евролигата.
Валтер Таварес беше предводник кај Реал Мадрид и запиша 25 поени, кај гостите Никола Миротиќ беше најефикасен со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА