Францускиот весник „Екип“ спроведе студија за просечната годишна плата што ја исплаќаат водечките европски тимови. Таа е направена по анализа на неколку специјализирани веб-страници како што се „Бетидеас“ и „Каполоџи Дата“. Лидер по овој индикатор е Реал Мадрид.
Шпанскиот гигант има просечна годишна плата од 11,2 милиони евра по играч за сезоната 2025-2026, објаснува француското издание, додавајќи дека оваа бројка е за 60% повисока од онаа на повеќето големи европски клубови. Сепак, износот е помал во споредба со минатата сезона, кога просечната годишна плата во Реал Мадрид беше нешто над 12 милиони евра.
По Реал Мадрид следува Барселона со просечна годишна плата од 7,91 милиони евра по играч. Оваа бројка е пониска од 8,5 милиони евра минатата сезона. Манчестер Сити ги комплетира првите 3 со просек од 7,43 милиони евра за сезоната 2025-2026. Англискиот клуб ги зголеми нето платите на своите играчи за повеќе од еден милион евра во споредба со сезоната 2024-2025, покажува студијата.
По овие три најдобри клуба се Баерн Минхен (7,38 милиони евра), потоа ПСЖ и Арсенал, двата со околу 7 милиони евра. По нив следува англискиот квартет составен од Ливерпул и Манчестер Јунајтед (околу 6 милиони евра), Челси и Тотенхем (околу 4,5 милиони евра). Интересно е што ниту еден италијански клуб не се пласира во овие топ десет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

