Реал Мадрид натпреварувањето на ФИФА Светското клупско првенство го заврши во полуфиналето каде загуби од ПСЖ, но и покрај тоа успеа добро да го наплати времето поминато во Соединетите американски држави заработувајќи 105.5 милиони евра.
Приходите на славниот шпански клуб нема да запрат тука бидејќи предвидувањето е дека во текот на сезоната 2025/26 истиот ќе биде рекорден со заработка од 1.3 милијарди евра.
Тоа ќе биде третата последователна година со заработка над милијарда евра. Во сезоната 2023/24 заработката на Реал Мадрид изнесуваше 1.045 милијарди евра, а минатата сезона истата се искачи на 1.1 милијарда евра.
Значен дел од овие пари ќе бидат распределени за трансфери што значи дека новиот тренер Чаби Алонсо ќе има слободни раце да го состави тимот со кој повторно ќе ја покори не само Шпанија, туку и Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

