Фудбалерите на Реал Мадрид на титулата европски шампион ја додадоа и таа за светски клупски шампион откако вечерва во финалниот меч стигнаа до убедлива победа над азискиот Ал Хилал со 5-3.
„Кралевите“ поведоа со 1-0 уште во 13. минута со погодокот на Винициус Жуниор. Само пет минути подоцна Феде Валверде зголеми на 2-0, а до крајот на првиот дел Ал Хилал успеа да намали на 2-1 преку Марега во 26. минута.
Карим Бензема во 54. минута го доведе Реал повторно до два гола позитива 3-1, а само четири минути подоцна Феде Валверде со својот втор погодок зголеми на огромни 4-1. Ал Хилал во 63. минута преку Вието намали на 4-2. Винициус Жуниор со својот втор гол во 69. минута повторно донесе плус три за Реал (5-2), додека Вието во 79. минута ги постави конечните 5-3.
За Реал Мадрид ова е петта титула на Светското клупско натпреварување со кој се рекордери.
Real Madrid [4] – 1 Al Hilal – Federico Valverde 58'
byu/alexinup insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

