Реал Мадрид ги продолжува договорите со две легенди

Реал Мадрид одлучи да го продолжи договорот со легендарниот фудбалер на овој тим Лукас Васкез. И покрај тоа што ретко добива шанса во првите 11, сепак, и од страна на шпанскиот фудбалер има расположение да остане на „Бернабе“.

Васкез целата кариера ја мина во Реал Мадрид. Станува дел од сениорскиот тим на „кралевите“ во 2015, откако претходно беше дел од Ц и Б тимовите на „кралскиот клуб“.

Исто така Реал Мадрид почнува преговори за продолжување на договорот со уште една легенда. Станува збор за Дани Карвахал, кој исто така е дете на „кралевите“, и со исклучок на една сезона, целата акриера ја минува во таборот на најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.

Се вчитува...