Реал Мадрид го ангажира Крос да го најде наследникот на Модриќ

Реал Мадрид ја бара идеалната замена за Лука Модриќ на средината на теренот. Јасно е дека нема лесно да се надомести заминувањето на хрватскиот виртуоз кој последната деценија беше еден од најважните фудбалери на „Сантијаго Бернабеу“, но „кралевите“ се подготвени за ризикување со ангажман на Ангело Штилер.

Станува збор за 24-годишниот германски фудбалер кој во моментот настапува за Штутгарт чиј дел е од 2023 година и каде бележи одлична игра со осум забележани асистенции и еден постигнат гол во сега веќе изминатата сезона на 32 одиграни натпревари во Бундеслигата.

Договорот на Штилер е со важност до 2028 година па за ангажман ова лето Реал Мадрид ќе мора да го „одврзе ќесето“. Интересно, постои и откупна клаузула од само 36 милиони евра, но таа стапува на сила со почетокот на сезоната 2025/26 па со цел да се намали неговата цена побарана е помош од Тони Крос, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид кој има ист агент како и далеку помладиот фудбалер.

Се вчитува...