Актуелниот европски шампион Реал Мадрид славеше на домашен терен против Олимпијакос со 90-85 во евролигашкиот класик како дел од 23. коло во континенталното елитно натпреварување.
Клучно во натпреварот беше првото полувреме во кое гостите од Грција како да не се појавија на теренот, а на пауза заминаа со убедлива негатива од 52-30. Во вториот дел гостите заиграа далеку подобро, но немаа сила за ништо повеќе освен за на крајот чесен пораз од 90-85. Најефикасен поединец во таборот на победникот беше Џанан Муса со 20 поени, додека кај поразените Папаниколау уфрли 25 поени.
Во вториот меч од доцниот термин од денешната програма АСВЕЛ славеше на гостувањето кај Баерн Минхен со 64-74.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА