Реал Мадрид привремено се врати на врвот на Ла Лига откако во дербито на 28. коло славеше на гостувањето кај Вилајреал со 1-2 и тоа по целосен пресврт за која заслужен беше Килијан Мбапе.
Фојт уште во 7. минута од средбата донесе предност за домашниот тим, но истата траеше само 10 минути пред Мбапе да изедначи на 1-1. Во 23. минута францускиот голгетер постигна и втор гол, а предноста „кралевите“ ја задржаа до крајот на средбата.
За Реал Мадрид тоа е 18. триумф во сезоната со кој стигна до 60 освоен бод. Вилјареал пак со 44 бодови останува на петтата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

