Шпанскиот гигант Реал Мадрид го купи српскиот интернационалец Лука Јовиќ. Трансферот ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната, а сите детали се веќе договорени. „Кралскиот клуб“ ќе плати отштета од 60 милиони евра, а Лука Јовиќ ќе потпише шестгодишен договор. Најголем дел од парите ќе одат на контото на Ајнтрахт Франкфурт, дури 48 милиони евра, а 12 милиони евра ќе добие неговиот претходен клуб Бенфика.
Германскиот бундеслифаш Ајнтрахт Франкфурт ја искористи можноста за комплетно откупување на договорот и веднаш ќе го продаде на „Сантијаго Бернабеу“. За Лука Јовиќ беа заинтересирани и Барселона и Манчестер Сити.
Тој оваа сезона постигна 26 гола и забележа седум асистенции на вкупно 44 натпревари во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА