Шпанскиот гигант Реал Мадрид го договори трансферот на новото бразилско чудо, офанзивниот играч за врска на Фламенго, Рение Хесус. Момчето кое има неполни 18 години блесна во дресот на јужноамериканскиот шампион, а „кралевите“ не чекаа премногу за да го договорат трансферот кој ќе се случи за петнаесетина дена, откако фудбалерот ќе стане полнолетен.
Рение Хесус на 19 јануари 2020 година ќе наполни 18 години и тогаш ќе потпише петгодишен договор со Реал Мадрид. Фламенго ќе добие 30 милиони евра отштета за талентираниот фудбалер кој со стилот на игра многу потсетува на Рикардо Кака.
Рение постигна шест гола на 14 натпревари оваа сезона во дресот на Фламенго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

