Европскиот првак Реал Мадрид очајно ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, има десет бода негатива во однос на лидерот Барселона, и тоа е знак за претседателот Флорентино Перез да почне со планирање на новите засилувања. Јасно е дека „кралевите“ лошо го одработија изминатиот летен преоден рок, и не сакаат да ја повторат истата грешка.
Една од желбите на Реал Мадрид е Кевин де Бруин, белгискиот интернационалец кој го носи дресот на Манчестер сити. Тој важи за еден од најдобрите играчи за врска во светот, и Флорентино Перез ќе се обиде да го купи следното лето.
Де Бруин преговара за продолжување на договорот со Манчестер сити, но бара енормно голема неделна плата од 250.000 фунти, што засега „граѓаните“ не се подготвени да ја одобрат. Актуелниот договор има важност до 2021 година, но Реал Мадрид се надева дека ќе може да го купи за сума од 80 милиони фунти.
Покрај Де Бруин, Реал Мадрид е заинтересиран и за уште еден фудбалер на Манчестер сити, и тоа напаѓачот Серхио Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА