Реал Мадрид го моли Манчестер Јунајтед за помош за трансфер

Реал Мадрид по разочарувачката сезона ќе издвои сериозна сума на пари на нови трансфери. Една од трансфер желбите е и десниот бек на Бенфика, Алваро Карерас кој во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра. Шпанскиот клуб со цел да ја преполовина сумата на трансферот помош побарал од Манчестер Јунајтед.

Имено, 23-годишниот во Бенфика пристигна од Манчестер Јунајтед минатото лето, а англискиот клуб има опција да го врати на „Олд Трафорд“ за 18 милиони евра. Шпанците го молат Манчестер Јунајтед да ја искористи опцијата во договорот, а потоа да им го продаде за сума од 30 до 35 милиони евра.

Интересно, Карерас е поранешен фудбалер на Реал Мадрид кој на 17-годишна возраст замина во Манчестер Јунајтед. Не успеа да се наметне ниту во англискиот тим па беше и на разни позајмици во Престон, Гаранада и Бенфика каде на крајот реализираше и постојан трансфер.

Се вчитува...