Реал Мадрид го освои УЕФА Суперкупот, историја за Бензема со 324. гол во „кралскиот“ дрес (ВИДЕО)

Реал Мадрид дојде до првиот трофеј во новата сезона освојувајќи го Суперкупот на УЕФА со победата над Ајнтрахт Франкфурт од 2-0 во финалето на Националниот стадион во Хелсинки. Во своето осмо финале во Суперкупот, Реал дојде до петтиот трофеј, со што се израмни со Милан и Барселона.

Во интересен натпревар со сериозни шанси и на двете страни, во првото полувреме беше искористена само една од страна на „кралевите“.

По проигрувањето од Кашемиро во 38.минута со глава, погоди Давид Алаба за предност на Реал од 1-0 по првите 45 минути во Хелсинки.

Во второто полувреме, Реал мудро ја контролираше играта на средината од теренот, па во 65. минута следеше и вториот погодок за 2-0 а стрелец Карим Бензема кој се запиша во историјата на кралскиот клуб.

Бензема со голот во Хелсинки го постигна 324 гол во дресот на Реал Мадрид, со што дојде до второто место на вечната листа на најдобрите стрелци сега пред Раул кој е со 323 гола. На врвот на листата е Кристијано Роналдо со 450 гола.

 

„Кралскиот“ клуб се чини немаше рамен на себе противник во вториот дел, па рутински го приведе натпреварот до крај за нов трофеј во своите витрини.

Се вчитува...