Реал Мадрид го отстрани стоперот кој е 10 години дел од тимот

Реал Мадрид се одлучи да го ослободи од тимот Хесус Ваљехо. Тој е 10 години е член на мадридскиот клуб, но ретко кога играше. Оваа сезона не настапи на ниту еден меч. Требаше да игра во Купот против нисколигашот Депортиво Минера, но самио дефанзивец тогаш се пожали дека не е подготвен. Наводно тогаш паднал договор Ваљехо повеќе да не игра за „кралевите“.

Договорот на Ваљехо му е до крајот на годината, но Анчелоти одлучи дека нема да ги користи повеќе неговите услуги, и дека ќе им даде шанса на помладите играчи. Наводно на ваквиот потег се согласиле и посиксуните играчи во соблекувалната на „кралевите“.

Затоа Ваљехо уште од сега може да почне да преговара со други клубови. Тој дојде во 2015 година од Сарагоса, и во 10 години настапи само 32 пати. Но, беше позајмен во Гранада, Ајнтрахт Франкфурт и Вулверхемптон.

Се вчитува...