Младиот голгетер на Реал Мадрид, 19-годишниот Енрик кој пристигна во „кралските“ редови како големо засилување вредно 60 милиони евра од Палмеирас оваа зима заминува на позајмица во Лион со цел со поголема минутажа да биде конкурентен за настап за Бразил на Светското првенство.
Ендрик оваа сезона не добива шанса во преполниот „кралски“ состав, настапи на само три натпревари па и самиот изрази желба за промена на средината и докажување во француското првенство.
Бразилецот заминува на шестмесечна позајмица без можност неговиот договор да биде откупен од страна на фрацнускиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

